Мишел: Нема план за политички азил на Пуџдемон

30.10.2017 11:06

еакцијата следува по изјавата на министерот за азил и миграција во Белгија Тео Франкен во која наведува дека Пуџдемон има законско право да бара азил.

„Дијалогот меѓу Барселона и Мадрид е решението за шпанската криза, а разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон не добил понуда за политички азил во Белгија“, потенцира премиерот Шарл Мишел. Реакцијата следува по изјавата на министерот за азил и миграција во Белгија Тео Франкен во која наведува дека Пуџдемон има законско право да бара азил.

„Во минатото им дававме азил на Баскијците. Белгија им е позната, а ситуацијата во Каталонија ескалираше до тој степен што мислам дека е логично многу Каталонци да поднесат барање за азил кај нас. Законот им го дозволува тоа“, изјави Тео Франкен, министер за азил и миграција на Белгија.

Националистичка партија на Франкен, „Нова фламанска алијанса“ покажуваше сепаратистички амбиции за северниот белгиски реон Фландрија и е поддржувач на каталонското движење за независност.