Јавна седница во Апелација за пасошот на Груевски
Пред повеќе од еден месец, Груевски поднесе барање до Кривичниот суд да му биде вратен пасошот. СЈО бараше притвор за Груевски како обвинет за изборни нерегуларности во предметот „Титаник“.

Во скопска Апелација, јавна седница на која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговата одбрана, аргументираат зошто судот треба да му го врати пасошот, којшто му беше одземен како превентивна мерка за предметот „Титаник“, по барање на Специјалното јавно обвинителство.
Пред повеќе од еден месец, Груевски поднесе барање до Кривичниот суд да му биде вратен пасошот. СЈО бараше притвор за Груевски како обвинет за изборни нерегуларности во предметот „Титаник“.
Груевски изјави дека мерката за докажување на присуство во судот е политичка деградација. Освен Груевски, пасошот си го бараше и Сашо Мијалков обвинет во предметот „Таргет - Тврдина“, но засега за него нема закажано јавна седница.
