Обвинителство: Регистрирани нерегуларности при гласањето
Претседателот на комисијата, Бајрами вели дека во предистражна постапка се неколку кривични дела за поткуп и злоупотреба на избирачкото право.
Комисијата во рамките на Јавното обвинителство ги сумира податоците за евентуални прекршувања на изборниот процес. Претседателот на комисијата, Бајрами вели дека во предистражна постапка се неколку кривични дела за поткуп и злоупотреба на избирачкото право.
Една кривична пријава, како што појасни е поднесена против лице поради сомнение дека сторил кривично дело „повреда на слободата на определување на избирачите“ казниво согласно Кривичниот законик на РМ. Осомничениот со употреба на сила најнапред сакал да ги принуди оштетниот да не гласа за еден од кандидатите за градоначалник. Се преземаат дејствија за целосно расветлување на случајот.
Другото известување, како што рече Бајрами, е доставено од МВР а се однесува против две лица за сторено кривично дело „поткуп при избори и гласање“ казниво по КЗ. Од лицата, како што појасни, се одземени рачно напишани списоци на членови на политичка партија, кои извршуваат активности во рамки на избирачкиот процес. По насока на јавен обвинител се преземаат дејствија за расветлување на настанот.
Обвинителството има отворени истражни и предистражни постапки за седум предмети и тоа за Битола, Скопје и з Кочани.
