Турција: Продолжува масовното судење поради обидот за пуч

30.10.2017 14:45

Доколку бидат осудени за дел од обвиненијата, кои вклучуваат употреба на насилства, обид за менување на владата и на парламентот, но и убиства, ќе се соочат со доживотна затворска казна.

Продолжува масовното судење во Турција за над 220 осомничени лица поради неуспешниот обид за воен удар.

Доколку бидат осудени за дел од обвиненијата, кои вклучуваат употреба на насилства, обид за менување на владата и на парламентот, но и убиства, ќе се  соочат со доживотна затворска казна.

За обидот за пуч, официјална Анкара го обвинува имамот Фетула Ѓулен, којшто живее  Соединетите Американски Држави.