Одбележан Денот на воената полиција

30.10.2017 15:19

Одбележан денот на Баталјонот на воената полиција на Армијата на Република Македонија. Припадници на оваа елитна единица се дел и од меѓународните мировни мисии. Нивното мото е „Секогаш подготвени“. Ангажирани се како асистенција на МВР во обезбедувањето на јужната граница за спречување на илегалната миграција.

Ефикасност во безбедноста на виталните објекти, заштита на ВИП личности, сигирност во сообраќајот, сузбивање на криминалот, Баталјонот на воената полиција го одбележа јубилијот- 25 години од формирањето. Потполковникот Васко Кокалановски оцени дека со подршка на МВР, справаување со заканите и ризиците се на највисоко ниво.

„Со нашата обученост, професионалното, одговорното и чесно извршување на поставените задачи, уште еднаш го покажавме на дело нашето мото ’Секогаш подготвени’, преку целосно извршување на задачите, како учество во подршата на МВР во справување со бегалската криза на јужната граница“, изјави Васко Кокалановски, командант на Баталјонот на воената полиција.

Припадниците на единицата учествувале во бројни меѓународни мировни мисии „Слобода за Ирак“, „АЛТЕА“, „Одлучна поддршка“, на кои била демонстрирана  компатибилноста со останатите земји- членки на НАТО Алијанста.

„На тој начин успеавте достојно да ја репрезентирате АРМ како на домашен, така и на меѓународен план. Дополнително, преку учество во меѓународните вежби, градевте мостови на соработка и развивате пријателства“, рече бригадниот генерал Зоран Милески.

На церемонијата беше презентирана опремата на Баталјонот. Присуствуваше и командантот на воено-полицискиот Баталјон на САД.

 

Марина Стојанова- Тонева