Македонија од следната година ќе се ребрендира како туристичка дестинација

30.10.2017 15:37

Македонија од следната година ќе се ребрендира како туристичка дестинација- најави ресорната агенција. Целта е да се искористат расположливите потенцијали на земјава.

Македонија ќе се ребрендира како туристичка дестинација. Првиот човек на ресорната Агенција вели дека земјава не ги прати доволно трендовите, па оттука се решиле да го променат концептот. Од идната година почнуваат и со Платформа за независни патувачи.

Една од новините е примена на глобалниот туристички водич „Skopje In your pocket“. Треба на странските посетители да им го олесни престојот во земјава. Ќе може да се користи и како мобилна апликација.

Во педидот јануари- август бројот на туристи е зголемен за речиси 16%. Кај странските има раст од 22,7 отсто.

 

Дијана Ценевска