Ѓорчев: Сите членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ стојат зад одлуката на лидерот
Опозициската партија обвини за нерегуларности и насилство во процесот. Ќе поднесат кривични пријави. До ОБСЕ/ ОДИХР доставени видеоматеријали со закани од полицијата кон граѓани...

Сите членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ стојат зад одлуката на лидерот да не ги признае изборите- изјави Владимир Ѓорчев. Обвини за нерегуларности и насилство во процесот. Ќе поднесат кривични пријави. До ОБСЕ/ ОДИХР доставени видеоматеријали со закани од полицијата кон граѓани.
„ВМРО-ДПМНЕ до меѓународните претставници до ОБСЕ и ОДИХР достави видео и фото материјали за голем број од забележаните нерегуларности, поточно станува збор за изборни криминали. Целата полиција беше ставена на располагање на СДСМ и полициски припадници блиски до СДСМ физички им се закануваа на гласачите кои не се од СДСМ, им забрануваа да излегуваат од својот дом“, изјави Ѓорчев.
За сите овие нерегуларности, МВР и државните институции молчат и не реагираат, затоа што се под целосна контрола на СДСМ и се извршители на изборниот криминал- велат од опозициската партија.
