Тече рокот за приговори до ДИК
31.10.2017 08:39
Партиите уште денеска можат да поднесат приговори до Државната изборна комисија за вториот круг од локланите избори...

Тече рокот од 48 часа во кој партиите можат да поднесат приговори до Државната изборна комисија за текот на гласањето и за резултатите од вториот круг. Комисијата, пак, е должна да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на приговорот.
Против одлуката на Комисијата може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Судот, пак, одлуката ја носи во рок од 48 часа, која е конечна.
