Претседателот Иванов во работна посета на Обединетото Кралство
Претседателот Иванов престојува во работна посета на Обединетото Кралство, каде што ќе оствари средби со спикерите на двата дома од британскиот Парламент. Шефот на државата ќе има средби и предавања на универзитетот Оксфорд, а ќе се сретне и со нашата дијаспора во црковната општина Свети Ѓоргија во Брајтон...

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов престојува во работна посета на Обединетото Кралство, каде што ќе оствари средби со спикерите на двата дома од британскиот Парламент.
Иванов ќе има средби и предавања на универзитетот Оксфорд, а ќе се сретне и со нашата дијаспора во црковната општина Свети Ѓоргија во Брајтон.
Утре во Комитетот за меѓународни одности во Вестминстер ќе се дебатира за Западен Балкан и интеграцијата во НАТО. Меѓу темите е и спорот Грција- Македонија и членството на Македонија во НАТО, без негово разрешување.
