Пуџдемон ангажирал адвокат во Белгија

31.10.2017 10:15

Разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон ангажирал адвокат во Белгија, но сѐ уште не е официјално поднесено барање за политички азил. Со него се и пет министри од Каталонија. Мадрид поднесе неколку обвиненија против него. Белгија е една од малкуте членки на Унијата кои даваат можност за ваква заштита на граѓани на друга земја- членка.

Белгискиот адвокат Пол Бекаерт потврди дека разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон е негов клиент. Експертот за човекови права не потенцираше дека Пуџдемон, кој избега во Белгија заедно со неколку негови  министри, барал азил во таа земја. Ваков вид заштита може да добијат доколку се докаже дека се жртви на прогон, пто според експертите би бил сложен процес, имајќи предвид дека Шпанија е дел од Европската Унија која се смета за демократска.

Обвинителството поднесе неколку обвиненија за организирање на бунт, агитирање и проневера против челникот на каталонската регионална влада, за нивните постапки и одлуки во изминатиов период. Предизвикаа институционална криза која резутлираше со еднострано прогласување на незваисност. Тоа е напрвено со непочитување и игнорирање на нашиот Устав“, изјави Хозе Мануел Мазадржавен обвинител на Шпанија.

Шпанската Влада изјави дека доколку не биде в затвор, Пуџдемон може да се кандидира на предвремените избори на 21 декември, кои се дел од мерките на официјален Мадрид поради прогласувањето на независност од страна на Каталонија.

Според блиски извори на Пуџдемон, тој би можел да формира т.н. Каталонска влада во егзил.

 

Маја Филдишев