Костов: „Фени“ не е продаден на „Енекод“

31.10.2017 10:18

Долговите кон банките изнесуваат 40 милиони евра, уште 20 милиони се кон други доверители. Банките велат дека компанијата „Енекод“ не ги исполнила преземените обврски кон вработените и доверителите, и нема понудено програма за работа на „Фени“.

Комерцијална банка, Стопанска банка- Скопје и Силк Роуд банка, како најголеми доверители на кавадаречки „Фени“ до судот во Велес поднесоа предлог за отворање стечајна постапка.

Сепак, велат дека сакаат да се изврши реорганизација и реструктуирање на комбинатот и да се најде сериозен инвеститор кoj ќе работи во „Фени“, со доказ дека има финансиски средства и можност за сервисирање на обврските.

Долговите кон банките изнесуваат 40 милиони евра, уште 20 милиони се кон други доверители. Банките велат дека компанијата „Енекод“ не ги исполнила преземените обврски кон вработените и доверителите, и нема понудено програма за работа на „Фени“.

Според директорот на Комерцијална банка, Хари Костов, од овие причини „Фени“ не бил продаден на бугарската компанија.