Македонија рангирана на 11-то место во најновиот извештај на Светска банка- „Дуинг бизнис“

31.10.2017 10:28

Ова е пад за едно место од минатогодишниот извештај, кога Македонија беше на 10-то место во групата најдобри држави за водење бизнис во светот.

Македонија е рангирана на 11-то место во најновиот извештај на „Дуинг бизнис“. Ова е пад за едно место од минатогодишниот извештај, кога Македонија беше на 10-то место во групата најдобри држави за водење бизнис во светот.

Во извештајот на Светска банка за Македонија се наведува и дека оценката за земјава е намалена од ланската, откако аналитичарите на Светска банка не забележале ниту една реформа во изминатава година.