Пападопулос потврди дека средбите со Русите се случувале додека работел за Трамп
Џорџ Пападопулос потврди дека средбите се случувале додека работел за Трамп, а не претходно, како што изјавувал на почетокот на сослушувањата. Причина за средбите била дојавата од Русите за компромитирачки податоци за Хилари Клинтон.

Советник од изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп призна дека го лажел Федералното истражно биро за терминот на состаноците со посредниците за Русија.
Џорџ Пападопулос потврди дека средбите се случувале додека работел за Трамп, а не претходно, како што изјавувал на почетокот на сослушувањата. Причина за средбите била дојавата од Русите за компромитирачки податоци за Хилари Клинтон.
Во истрагата за наводната улога на Москва во трката за Белата куќа е и поранешниот менаџер на кампањата на Трамп, Пол Манафорт и неговиот соработник Рик Гејтс.
Истрагата која ја води специјалниот обвинител Роберт Мјулер, поранешен директор на ФБИ, се фокусира на контактите меѓу соработниците на претседателот Трамп и странските влади, но и на евентуални случаи на финансиски криминал.
