СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го признае поразот
Според владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ не може да најде оправдување за убедливиот пораз, бидејќи граѓаните по подолго време имаа можност да одлучуваат на фер и регуларни избори на кои заокружиле за промените и живот за сите во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ да го признае поразот на изборите кои беа фер, слободни и демократски. Во прв план да ги стави интересите на граѓаните, велат од СДСМ.
Според владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ не може да најде оправдување за убедливиот пораз, бидејќи граѓаните по подолго време имаа можност да одлучуваат на фер и регуларни избори на кои заокружиле за промените и живот за сите во Македонија.
Од СДСМ сметаат дека и раководството на опозициската партија треба да го преиспита својот став за непризнавањето на изборниот процес.
