Сочи 2014
Ноќ за уживање
17.02.2014 14:40
Супер уметничка вечер престои на 22-те олимписки зимски игри во Сочи каде секои гаи надеж за злато, а по синојка виденото во Ајзберг лизгачката палата...

Престои вечер на уште едно естетско задоволство на Олимписките игри во Сочи, претставено преку уметничкото лизгање и танцовите двојки.
Неизвесно уживање нуди ноќта на распределба на медалите. Сите се во Сочи. И олимписките шампиони и втори од планетарниот собир 2013-тата канаѓаните Вирту/Моир и вице олимписки и светски прваци Дејвис/Ваит од Америка. Потоа европското трио Капелини/Ланоте од Италија, Илних/Катсалапов од Русија и британската двојка Кумс/Бакланд. Не смее да се заборави и вторите руски претставници, Боброва/Соловиев кои на последниот лизгачки мундијал се закитиа со бронза.
Супер уметничка вечер престои на 22-те олимписки зимски игри во Сочи каде секои гаи надеж за злато, а по синојка виденото во Ајзберг лизгачката палата, сосема оправдано. Своја златна нишка, или во најмала рака подиумска сонуваат и французите Пикалт/Буржат кои од задолжителната програма доаѓаат во финалната вечер како 4-ти.
Уживањето во спортската грациозност ја нудиме вечерва во 21.30 часот на МРТ 1.
