Советот на јавни обвинители ќе одлучува за кандидатите за јавен обвинител
Според законската процедура, Советот на јавни обвинители на барање на Владата во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето доставува образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите.

Советот на јавни обвинители, на седица треба да ги разгледува пријавите на кандидатите за нов државен Јавен обвинител. На огласот се пријавија 23-ца, меѓу нив е и актуелниот член на Советот на јавните обвинители, Љубомир Јовески, кој беше и поранешен заменик- јавен обвинител. Има и адвокати, нотари, универзитетски професори.
Според законската процедура, Советот на јавни обвинители на барање на Владата во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето доставува образложено позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите.
Потоа, Владата до Собранието доставува предлог за именување на Јавен обвинител од пријавените кандидати за кои советот дал позитивна оценка. Доколку пак Советот не се изјасни, течат нови 15 дена, а доколку и тогаш нема мислење, тогаш се смета дека е позитивно.
Ако пак Советот за ниту еден од кандидатите не даде позитивно мислење, тогаш Владата му предлага на Собранието да го повтори огласот.
