Силна бура во североисточниот дел на САД
31.10.2017 12:18
Речиси 1,5 милиони домови и фирми останаа без електрична енергија. Ветрот достигнуваше сила на ураган.

Силна бура го погоди североисточниот дел на САД. Речиси 1,5 милиони домови и фирми останаа без електрична енергија. Ветрот достигнуваше сила на ураган.
Невремето беше проследено и со поројни дождови. Реките во Њу Хемпшир се излеаа од коритата.
Во неколку градови во Нова Англија беше одложено прославувањето на Ноќта на вештерките. Бурата предизвика проблеми во Пенсилванија, Њу Џерси и Њујорк.
