Претседателот Иванов одржа предавање на универзитетот Оксфорд

31.10.2017 12:58

Шефот на државата престојува во работна посета на Обединетото Кралство, каде ќе оствари средби со спикерите на двата дома од британскиот Парламент. Претседателот Иванов одржа предавање на универзитетот Оксфорд, каде што го посочи македонскиот модел на соживот и почитување на различноста. Тој говореше и за миграциската криза...

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов престојува во работна посета на Обединетото Кралство, каде ќе оствари средби со спикерите на двата дома од британскиот Парламент.

Иванов одржа предавање на универзитетот Оксфорд, каде што го посочи македонскиот модел на соживот и почитување на различноста. Тој говореше и за миграциската криза, и за глобалните предизвици со кои се соочува светот.

„Низ Македонија поминаа милион мигранти во 2015-та година. Ние колку што можевме им помагавме на тие луѓе. Но, кога мигрантскиот бран почнаа да го користат терористи, екстремисти, да го користат луѓе кои дојда во Европа и ги направија терористичките акти кои почнаа од Париз, ние ја затворивме границата. Кажавме, право на азил имаат бегалци, а не економски мигранти“, нагласи претседателот Иванов.

Иванов ќе се сретне и со нашата дијаспора во црковната општина Свети Ѓорѓија во Брајтон.

Утре во Комитетот за меѓународни одности во Вестминстер ќе се дебатира за Западен Балкан и интеграцијата во НАТО. Меѓу главните теми е и спорот Грција- Македонија и членството на земјава во НАТО под привремената референца.