Над 200 загинати на нуклеарна платформа во Северна Кореја
Според првичните извештаи, околу стотина луѓе биле заробени во тунелот и дека уште сто други настрадале во повторно уривање кога се обидувале да им помогнат на колегите.

Се стравува дека повеќе од 200 луѓе загинале во инцидент што се случил на платформа за нуклеарно тестирање во Северна Кореја. Информацијата ја пренеле јапонските медиуми, наведувајќи дека работниците се наоѓале во тунелот во рамки на платформата кога се урнал врз нив.
Според првичните извештаи, околу стотина луѓе биле заробени во тунелот и дека уште сто други настрадале во повторно уривање кога се обидувале да им помогнат на колегите.
Експертите тврдат дека серијата тресење и лизгање на земјиштето на локација кај нуклеарните тестирања веројатно значи дека шестиот атомски тест го дестабилизирал регионот и дека базата нема уште долго да се користи за тестирање нуклеарно оружје.
