Германија: Уапсен Сириец со „конкретни“ планови за напад

31.10.2017 14:12

Тој бил уапсен во североисточниот дел на земјата, по налог на обвинителството, а полицијата го претресувала станот во кој живеел, како и на уште неколку други лица кои сѐ уште не се осомничени.

Специјалните сили на германската полиција уапсиле 19-годишен сириец поради сомневање дека подготвувал напад за да убие што повеќе лица.

Тој бил уапсен во североисточниот дел на земјата, по налог на обвинителството, а полицијата го претресувала станот во кој живеел, како и на уште неколку други лица кои сѐ уште не се осомничени.

Според истрагата, обвинетиот подготвувал „исламистички мотивиран“ напад со експлозив во Германија.