„Шпигел“: Меркел против Шојбле

17.02.2014 14:51

Списанието тврди дека Меркел проценила дека ваквата помош ќе ги испровоцира германските евроскептици пред гласањето во мај...

„Меркел го запира Шојбле“, под овој наслов германскиот неделник „Шпигел“ пишува за несогласувањата меѓу германската канцеларка и нејзиниот министер за финансии, поврзано со евентуалниот нов пакет помош за Грција, што треба да се додели пред евроизборите, соопштува грчкиот сајт „Њуз ин“.
 
Списанието тврди дека Меркел проценила дека ваквата помош ќе ги испровоцира германските евроскептици пред гласањето во мај. „Шпигел“, уште пишува дека „Меркел ја информирала владата во Атина дека одлуката за помош се уште не е донесена“.
 
Лидија Чакар