Јавна расправа за предлог- буџетот в четврток, проектиран дефицит од 2,8% од БДП
Ќе се организира јавна расправа со бизнис-заедницата и невладиниот сектор. Првиот финансиер Тевдовски вели дека дефицитот е проектиран на 2,8 проценти.

Министерството за финансии в четврток ќе го претстави Предлог- буџетот за 2018-та година. Ќе се организира јавна расправа со бизнис-заедницата и невладиниот сектор. Првиот финансиер Тевдовски вели дека дефицитот е проектиран на 2,8 проценти.
„Првпат досега ќе се организира јавна дебата на која ќе ги претставиме контурите на предлог буџетот за наредната година“, изјави Тевдовски. Појасни дека ќе ги претстават нивните размислувања пред Владата да го усвои Предлог-буџетот.
Покрај дебата, како што рече, договорена е средба и со коморите за да ги слушнат нивните мислења во однос на подготвениот предлог буџет, како и на невладините организации и синдикати.
