Електронското оданочување полека заживува
17.02.2014 15:02
Десет илади и шестотини физички лица веќе се регистирале на Електронскиот систем на оданочување...

До Управата за јавни приходи до денеска пристигнале 23 и пол илјади годишни даночни пријави. Десет илади и шестотини физички лица веќе се регистирале на Електронскиот систем на оданочување, од нив се пријавиле досега само 120. Лани до предвиденниот рок, 15 март известување по однос на годишните приходи поднеле над 174 илјади лица, а годинава таа бројка треба се искачи искачи на 200 илјади.
Од Управата за јавни приходи нагласуваат дека обврската за годишна даночна пријава се однесува на лицата кои што во текот на 2013 тата, заклучно со 31 декември, оствариле приход надвор од примањата по основ на плата.
Крајниот рок останува 15 март 2014.
Дијана Ценевска
