ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Зоре Темелковски
Аудио снимката од која јасно се слуша како Темелковски се изживува со вработените во државната администрација користејќи ја позицијата на моќ преку власта на неговата партија за да одлучува за нивните судбини и егзистенција е дно за демократијата и правната држава- велат од опозициската партија...

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Зоре Темелковски, таткото на градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, поради основано сомнение дека преку закана со отказ на вработени во јавната и државната администрација од населбата Драчево, постапил спротивно на законот.
„Аудио снимката од која јасно се слуша како Темелковски се изживува со вработените во државната администрација користејќи ја позицијата на моќ преку власта на неговата партија за да одлучува за нивните судбини и егзистенција е дно за демократијата и правната држава. Како што веќе реков, Темелковски со ова врши односно изврши кривично дело „Повреда на слободата на определување на избирачите“, казниво по чл.160 ст.1 од КЗ, дело за кое е предвидена казнена санкција од најмалку 3 години затвор“- изјави Оливер Андонов од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова не е изолиран случај, ниту е нешто бенигно- велат од опозициската партија.
