Битола

Промовирана монографија по повод 20 години Македонско- германско пријателство и соработка

31.10.2017 16:34

Во Битола промовирана монографијата по повод јубилејот- 20 години на здружението за Македонско- германско пријателство и соработка...

Ретко квалитна двојазична монографија во која од страна на тројцата автори се опфатени окулу 230 настани за 20- годишното постоење на битолското здружение за Македонско- германско пријателство и соработката. Период во кој здружението покажа само еден од начините дека успешно може да се трасирааат мостовите кои ги доближуваат народите преку нивната култура традиција и другите вредности.

„Сето тоа воспостави една непосредна можност да можете во својата земја да претставите една друга култура и да се доближите до сите оние кои ги поврзува германскиот јазик“, рече претседателката на Здружението и еден од авторите, Валентина Илиева.

„Монографијата е едно резиме за најуспешниот дел од германската култура во Македонија, а битолското друштво е навистина едно од најдобрите вакви здруженија“, вели проф. д-р Петер Рау.

Германскиот коафтор кој има оставени големи траги во нашето научно- културно живење има една посебна вредност преку неговата позната „Ода за Битола“.

„Таа е еден посебен споменик за Битола и препорачувам сите што се вљубеници во Битола, истата да ја прочитаат, а од неодамна е и во аудио форма“, вели проф. д-р Златко Жоглев.

За локалната самоуправа ваквите мостови на пријателство се голема можност за отварање кон светот и продлабочување на соработките.

„Можност повеќе луѓе да престојуваат во градот, но и можност од економски аспект да се донесе некоја инвестиција“, вели градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Во монографијата со свои запоиси се осврнуваат и досегашните амбасадори на Германија во Македонија.

Стевче Митревски