Сугарески: 86 милиони евра за обнова на 26 патишта
Градежните работи ќе се одвиваат во наредните две години. Министерот Сугарески очекува значително да се подобри транспортната мрежа.

Осумдесет и шест милиони евра за обнова на 26 патишта– соопшти ресорот транспорт. Ќе се опфатат автопати, како и регионални делници. Градежните работи ќе се одвиваат во наредните две години. Министерот Сугарески очекува значително да се подобри транспортната мрежа.
Голем дел од овие патишта ги ветивме во нашата програма, а дел се нови за кои обезбедивме средства од меѓународни финансиски институции, рече министерот Сугарески на прес-конференција во Владата.
Министерот потенцираше дека програмска определба на Владата е квалитетно подобрување на патната мрежа во Македонија и подигнување на безбедноста на патиштата на повисоко ниво.
Ќе продолжиме со реконструкција и изградба на сите патишта со состојбите кои ги затекнавме и за кои веќе информиравме за настанатите проблеми. Целиот овој период го поминавме во отстранување на таквите состојби за да може во наредниот без никакви проблеми да течат изградбите на терен, рече Сугарески.
