Манчевски: Министерствата ќе објавуваат документи за поголема транспарентност

31.10.2017 17:06

Од Владата велат дека одлуката е донесена за поголема транспарентност и отчетност...

Министерствата во рок од 15 дена треба на своите интернет- страници да објават листа на 21 документ. Од Владата велат дека одлуката е донесена за поголема транспарентност и отчетност.

Анализите спроведени во 2016 година покажуваат дека во поглед на отвореноста на извршната власт во регионот, Македонија се наоѓа на последното место со исполнување на само 36 проценти од индикаторите во истражувањата. Имајќи ја предвид целта на Владата за транспарентност и отчетност во своето работење, се наметна потребата веднаш да се преземат конкретни мерки за да се подобри оваа ситуација, истакна министерот Манчевски.

Предложениот сет на документи што треба јавно да се објават се унифицирани и важат за сите министерства со исклучок на Министерството за одбрана и МВР кои нема да ги објавуваат плановите за јавни набавки, Правилникот за внатрешна организација, Правилникот за систематизацијата на работните места и списокот на вработените.