„Вангадрија“: Пуџдемон не се врати во Барселона

01.11.2017 10:36

Претходно весникот повикувајќи се на изјави на патници кои тврделе дека Пуџдемон е во нивниот авион, наведе дека тој од Брисел се враќа во Каталонија.

Шпанскиот весник „Вангардија“ објави дека разрешениот каталонски премиер, Карлес Пуџдемон, не се вратил во Барселона од Брисел. Претходно весникот повикувајќи се на изјави на патници кои тврделе дека Пуџдемон е во нивниот авион, наведе дека тој од Брисел се враќа во Каталонија.

Но, во Барселона пристигнале само поранешниот претседател на каталонскиот Совет за внатрешни работи, Јоаким Форн, и поранешната советничка за труд, социјални работи и семејство, Долорес Баша.

Против Пуџдемон и неговите соработници е покренато обвинение за поттикнување бунт, а секој од нив може да добие до 30 години затвор.

Неодамна, Пуџдемон рече дека е подготвен да оди во затвор.