Поднесени стотина приговори за вториот круг од локалните избори

01.11.2017 10:44

Коалицијата БЕСА и Алијанса за Албанците поднесоа 86 приговори за изборниот процес во општина Чаир. Големиот број приговори за Чаир, како што рече Емат Мехмети од БЕСА, покажува за каков нефер изборен процес станува збор...

До Државната изборна комисија, коалицијата БЕСА и Алијанса за Албанците поднесоа 86 приговори за изборниот процес во општина Чаир. Големиот број приговори за Чаир, како што рече Емат Мехмети од БЕСА, покажува за каков нефер изборен процес станува збор.

За текот на гласањето во Струга, пак, Алијансата за Албанците поднесе 13 приговори. БЕСА поднесе и три приговори за гласањето во Тетово, а еден приговор има поднесено и партијата НДМ за гласањето во Чашка.

Комисијата е должна во рок од 48 часа да донесе одлука по приговорите. Доколку се одбие приговорот, против решението може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот.

Управиот суд, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа, која е конечна.