ВМРО-ДПМНЕ: Расипничката и недомаќинска влада на Заев ја задолжи државата со нови 71 милион евра

01.11.2017 10:50

Вкупниот јавен долг со секој нов ден достигнува историско ниво, без да се каже на што и како се трошат парите, стои во дописот на опозициската партија...

СДС со ништо не може да ги прикрие расипничкото трошење, неспособноста и безидејноста во водењето на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа расипничка и недомаќинска влада на Заев ја задолжи државата со нови 71 милион евра, а вкупниот јавен долг со секој нов ден достигнува историско ниво, без да се каже на што и како се трошат парите, стои во дописот.

Според опозициската партија, економијата е пред распад, а на државата и се заканува крах во сите сфери. Ова лудило треба веднаш да запре, а СДС, Заев и Тевдовски да одговараат пред граѓаните за ова финансиското злодело.