Вашингтон: Сослушување на три ИТ гиганти

01.11.2017 11:14

Претставниците на трите американски технолошки гиганти треба да одговараат во врска со објавите на нивните социјални мрежи, за кои постои сомнеж дека се поврзани со Русија.

Пред Комисијата за правда на Сенатот на САД вчера почна првото од трите планирани сослушувања на претставници на компаниите „Фејсбук“, „Твитер“ и „Гугл“, во рамки на истрагата во врска со сомнежите за руско мешање во американските претседателски избори.

Претставниците на трите американски технолошки гиганти треба да одговараат во врска со објавите на нивните социјални мрежи, за кои постои сомнеж дека се поврзани со Русија.

„Фејсбук“ веќе соопшти дека во периодот околу изборите регистрирал над 80.000 објави, кои потекнувале од една руска група. Според „Фејсбук“, тие објави ги виделе околу 126 милиони американски избирачи.

Извори во „Твитер“ информираа дека социјалната мрежа веќе затворила 2.752 налози поврзани со групата Руска агенција за интерент истражувања, која е позната по промовирање на ставовите и позициите на официјална Москва.