Претседателот Иванов на средби во британскиот Парламент
Иванов во Лондон ќе има одвоени средби со спикерите на Долниот и на Горниот дом на британскиот Парламент, Џон Беркау и Лорд Фаулер, а ќе има обраќање и во Кралскиот институт за меѓународни односи „Чатам Хаус“ на тема „Македонија, миграциите и безбедноста- научени лекции“.

Претседателот Ѓорге Иванов во Лондон ќе има одвоени средби со спикерите на Долниот и на Горниот дом на британскиот Парламент, Џон Беркау и Лорд Фаулер, а ќе има обраќање и во Кралскиот институт за меѓународни односи „Чатам Хаус“ на тема „Македонија, миграциите и безбедноста- научени лекции“.
Шефот на државата доцна синоќа се сретна со преставници на македонската дијаспора. Иванов повика на сплотеност и единство на иселиниците и за придонесот во развивањето и унапредувањето на односите и соработката меѓу Македонија и Обединетото Кралство.
Претставниците на македонската дијаспора ја истакнаа потребата од нова стратегија и реформи во образовниот систем, со цел младите да останат во Република Македонија.
