Обвинителството истражува незаконска приватизација на земјиште

01.11.2017 11:41

Основното јавно обвинителство презема дејствија против повеќе инволвирани лица. Претходела постапка за утврдување на статусот на незаконито изградени три објекти, која била реализирана спротивно на закон...

Поради основано сомнение за незаконско приватизирање на земјиште во сопственост на една општина, Основното јавно обвинителство презема дејствија против повеќе инволвирани лица. Претходела постапка за утврдување на статусот на незаконито изградени три објекти, која била реализирана спротивно на закон.

Како резултат на оваа постапка извршена е легализација на објектите и приватизација на земјиштето, соопштуваат од Обвинителството.

Од таму додаваат дека незаконски е овозможено земјиштето да биде откупено по цена од 1 евро за метар квадратен, додека пазарната цена на лицитација по редовна постапка би била значително повисока.