Алијансата за Албанците, БЕСА и НДМ поднесоа 103 приговори до ДИК
ДИК е должна во рок од 48 часа да донесе одлука по приговорите. Против одлуката на Комисијата, подносителот на листата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.

Алијансата за Албанците, БЕСА и Народното движење за Македонија поднесоа вкупно 103 приговори до Државната изборна комисија за вториот круг од локалните избори. Осумдесет и шест се од коалицијата Алијанса за Албанците и БЕСА за Чаир, 13 поднесе Алијансата за Албанците за Струга, три се од движењето БЕСА за Тетово. Еден приговор има и партијата НДМ за гласањето во чашка.
ДИК е должна во рок од 48 часа да донесе одлука по приговорите. Против одлуката на Комисијата, подносителот на листата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.
Судот, пак, е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. Одлуките на Управниот суд се конечни.
