Случај „Тендери“: СЈО бара „бомбите“ да бидат доказ, одбраната е против
Обвинителот на Специјалното јавно обвинителство рече дека цедето со пет таканаречени „бомби“, кои Кривичниот суд ги отфрли, се незаконски создадени, но дека се прибавени законски со записник.

Апелацискиот суд расправаше дали снимките од прислушуваните разговори ќе можат да се користат како доказ во случајот „Тендери“. Обвинителот на Специјалното јавно обвинителство рече дека цедето со пет таканаречени „бомби“, кои Кривичниот суд ги отфрли, се незаконски создадени, но дека се прибавени законски со записник.
Адвокатот на ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, рече дека жалбата на СЈО е неоснована.
Снимките од прислушуваните разговори како докази се прифатени во предметите „Триста“ и за „Насилство во Центар“ во кој обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски. Отфрлени се за „Титаник“, „Тенк“, „Тифани“ и „Тревник“.
