Среднорочно буџетско планирање за ефикасно управување со јавните финансии
Со таргетирање на повеќегодишна рамка на расходи и приходи на државната каса, ќе се постигне ефикасно управување со јавните финансии- тврдат надлежните институции.

Наместо годишно, среднорочно буџетско планирање. Се стегаат механизмите околу транспарентноста на планирањето и трошењето на државните пари. Со таргетирање на повеќегодишна рамка на расходи и приходи на државната каса, ќе се постигне ефикасно управување со јавните финансии- тврдат надлежните институции.
Министерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека политичка волја за вакво среднорочно планирање има и оти приоритет на Мнистерството е тоа да се воведе и Македонија да добие среднорочно буџетско планирање.
Да размислуваме подолго, на среден период. Да вовоедеме во реалноста среднорочно буџетско планирање наместо планирање за една година што беше пракса досега, бидејќи тоа е важно за да знаеме каде сакаме да стигнеме и како да изодиме до таму, порача министерот Тевдовски.
Додаде дека фокусот на проектот е да се унапреди среднорочното буџетско планирање и оти се дадени препораки за постепено и систематско преминување од постојниот начин на буџетско планирање кон среднорочно буџетско планирање и во согласност со ЕУ препораки. Во рамки на проектот е направени и предлог текст за Закон за буџети.
