По две години се укинува вонредната состојба во Франција
01.11.2017 13:27
Вонредната состојба првпат беше воведена во ноември 2015-та година и потоа беше продолжена уште шест пати и вкупно беше на сила 719 дена.

Франција ја укинува вонредната состојба во земјата, што беше воведена пред две години, по крвавите напади во Париз, во коишто загинаа 130 луѓе. Наместо тоа, на сила ќе стапат зголемен број засилени безбедносни мерки, кои беа преточени во закон, што во понеделникот го потпиша претседателот Емануел Макрон.
Вонредната состојба првпат беше воведена во ноември 2015-та година и потоа беше продолжена уште шест пати и вкупно беше на сила 719 дена.
По нападите во Париз, во терористички напади низ Франција беа убиени повеќе од 100 луѓе.
