Македонија во НАТО- тешко остварливо без решение за името
Во Комитетот за меѓународни односи во Вестминстер дебата за Западен Балкан и за интеграцијата во НАТО. Македонија е подготвена за членство во Алијансата, но тоа е тешко остварливо без надминување на спорот со Грција, сметаат пратеници од британскиот Парламент...

Македонија е најподготвената држава за членство во НАТО, но противењето на Грција тешко може да се надмине без решение за името- истакнаа пратениците во Горниот дом на британскиот Парламент, коишто расправаа за проширувањето на НАТО на Западниот Балкан.
„Постои улога за Обединетото Кралство и за САД, како и за Европската унија при решение за името. САД и ЕУ активно учествуваа минатата година при склучувањето на политичкиот договор во Македонија и верувам дека американците контактираа со грците за спорот за името. Но, за зборот мора да се најде некакво решение, со други зборови- многу е тешко да се замисли во Декларација од самит на НАТО да стои дека повеќе не е важен спорот за името“, смета Адам Томпсон- директор на „Европската лидерска мрежа“.
Неуспехот да ја примиме Македонија во НАТО доведе до политичка криза во земјата, што негативно влијаење и на нејзината кандидатура. Британските пратеници посочија дека е потребно Британија и САД да посредуваат меѓу Македонија и Грција за решение.
„Не можеме само ние во Британија да решиме за името, мора да биде нешто што двете страни ќе го решат меѓу себе. Идната година има неколку настани- бугарскиот Самит за проширување на ЕУ и Самитот на НАТО каде можеби ќе се најде корисен начин за надминување на овој проблем“, рече Ангус Лепсли- директор на „Одбранбена и интернационална безбедност“.
Членството на земјите од Западен Балкан во НАТО е британски национален интерес, бидејќи регионот ќе стане постабилен и ќе се намали руското влијание.
Ирина Гелевска
