Констатирани оставките на пратениците кои станаа градоначалници
По локалните избори, македонското Собрание продолжи со работа. На избраните градоначалници кои беа пратеници им престана мандатот. Констатирани и оставките на Даути од ДПА и на Ибрахими од БЕСА, поднесени поради нивно учество во изборната трка...

Татијана Лалчевска, Анета Симеска- Димовска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев и Костадин Костадинов се новите пратеници на СДСМ кои дојдоа на местото на оние кои станаа градоначалници. Собранието им ги верикуваше мандатите.
На Петре Шилегов, Стефан Богоев, Сашо Поцков, Максим Димитриевски и Коста Јаневски од СДСМ им престана пратеничкиот мандат. Беа потврдени и оставките на пратеникот на ДПА, Бардиљ Даути кого го замени Мераил Узеири- Ферати, додека на местото на пратеникот Зеќирија Ибрахими од Движењето БЕСА, дојде Реџеп Мехмети.
На седницата беше усвоена и предлог- одлуката за испраќање еден припадник на АРМ во мировната операција на Обединетите нации во Либан, а се расправаше и по барањата за автентично толкување на закони поднесени од локалните власти на Илинден, Струга, Куманово и Богданци.
Игор Панов
