СЈО поднесе претставка за судијката Бахчовановска за предметот „Тифани“
01.11.2017 15:56
Со претставката се бара да се испита нејзината работа од аспект на нестручно и несовесно вршење на функцијата.

Специјалното јавно обвинителство поднесе претставка за утврдување одговорност на судијката Моника Бахчовановска од Кривичниот суд за предметот „Тифани“ за даночно затајување.
Со претставката се бара да се испита нејзината работа од аспект на нестручно и несовесно вршење на функцијата.
Од СЈО сметаат дека донесла антидатирано решение, или, пак, ја злоупотребила положбата и ги пречекорила службените овластувања.
