Среднорочно буџетско планирање за транспарентни јавни финансии
Европска помош за управувањето со јавните финансии. Македонија треба да го подобри среднорочното буџетско планирање. Ресорниот министер Тевдовски очекува да се подигне нивото на транспарентност во трошењето на народните пари...

Рамка за буџетски расходи и приходи на подолг рок наместо на една фискална година. Се стегнат механизмите околу транспарентноста и управувањето со јавните финансии. Политичка волја има, приоритет ќе биде воведувањето среднорочно буџетско планирање- вели министерот за финансии Тевдовски.
„Да размислуваме подолго, на среден период. Да го воведеме во реалноста среднорочно буџетско планирање наместо планирање за една година што беше пракса досега, бидејќи тоа е важно за да знаеме каде сакаме да стигнеме и како да изодиме до таму“, вели министерот за финансии, Драган Тевдовски.
Препораките за постепено систематско преминување од постојниот начин кон среднорочно буџетско планирање реформите на сите битни елементи на системот за јавни финансии и предлог- законот за буџети по европски терк се скроени во Стратегијата за управување со јавни финансии. Акциски план што ќе се спроведува во следните три години. Европската унија ќе го подржува процесот јавните финансии да станат достапни, ефикасно да се управува со нив.
„Вреднувањето на фискалната рамка, приходите, планирањето на буџетот, интегрираните ИТ финансиски системи, јавните инвестиции и набавки набавки, јавната контрола, внатрешна фискална транспаренреност- ова се важни елементи на реформите што ќе бидат подржани од нас“, посочува Никола Беротлини, делегација на ЕК во Скопје.
Проектот со кој ќе се воведува среднорочно буџетско планирање во Македонија се темнели врз искуствата на експерти од Австрија, Холандија, Словенија. Со 1,1 милион евра е подржан од Европската унија преку Националната ИПА програма ТАИБ.
Сузана Фиданска- Стоевска
