Се интензивираат преговорите за Сирија
Сириската опозиција откажа учество на мировните преговори, организирани од Русија. Инсистира да се водат под покровителство на Обединетите нации во Женева...

Прговорите за конечно решение за сирискиот конфликт, се интизивираа откако војната се приближува кон крајот, а за тоа каква ќе биде идината на земјата, ќе се разговара на двата одвоени мировни порцеси, едниот под покровителство на Русија, Турција и Иран во Астана, и вториот во Женева во организација на Обединетите нации.
Вчера во казахстанскиот главен град Астана преговорите меѓу сириската опозиција и претставниците на сирискиот режим не постигнаа напредок, но Москава веќе за 19-ти ноември закажа нова средба во Сочи.
Спротивно од Женевскиот процес, кој сѐ уште е на мртва точка, бидејќи преговорите влегоа во ќорсокак затоа што опозијата бараше транзицијата на власта да се спорведе без Асад, на преговорите во Астана, сепак беше постигнат напредок од воен и технички карактер. И од седиштето на Обединетите нации, специјалниот претставник за Сирија, Де Мистура закажа нова рунда преговори во Женева, за 28-ми ноември.
„Со развојот на настаните во Сирија, посебно по поразот на ИСИС во Ирак и во нивните упрошта во Рака, Диер, Езор, сирискиот мировен процес го достигна вистинскиот момент, страните да се вклучат во вистински преговори за новото политичко уредување на земјата“, рече Стефан де Мистура, специјален претставник на ОН за Сирија.
„Политчкото решение за Сирија е единствениот начин како да се нормализира животот на Сиријците, затоа што војната предизвика голема хуманитарна катастрофа во многу гадови кои што беа под опсада“, изјави Метју Рајкрофт, амбасадор на Велика Британија во ОН.
Според анализите на дел од геополитичарите, засега сирискиот претседатаел Башар ел Асад е во многу подобра сотојба на теренот, за разлика од сириската опозиција, бидејќи коалицијата меѓу Москва и Техеран сѐ уште го подржува сирискиот претседател. Но, и САД има силни сојузници во Сирија, кај демократските сили.
Она што им предстои на сите инволвирани фактори е мноу потешка задача околу консолидирањето на државниот авторитет, во поголемиот дел на руралните пространства во севрена и источна Сирија, кои со години се надвор од власта на Дамаск. Аналитичарите велат дека токму оваа борба ќе биде вистинскиот испит на силите на Асад, со кој ќе се потврди дали тој е способен повторно да биде лидер на Сирија ила само на еден дел од земјата.
Мирјана Василева
