Иванов: И покрај Брегзит, ќе продолжи британската поддршка за Република Македонија
На средбите со спикерите на Горниот и на Долниот дом на британскиот парламент биле разменети мислења за состојбите во регионот, вклучувајќи ја и мигрантска криза...

Претседателот Иванов во Лондон на средби со спикерите на Долниот и на Горниот дом на британскиот Парламент, Џон Беркау и Лорд Фаулер. На двете средби станало збор за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство, кои следната година ќе одбележат 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи.
„Идната година Обединетото Кралство е домаќин на Берлинскиот процес, што е исклучително значаен за нашиот регион. Иако тие се во фаза на Брегзит, сепак своите обрски што ги имаат превземено ги остваруваат и реализираат. Ние искажавме очекување да продолжат со нивната поддршка кон регионот и кон Република Македонија, како што го правеле тоа досега“, истакна претседателот Иванов.
На средбите со спикерите на Горниот и на Долниот дом на британскиот парламент биле разменети мислења за состојбите во регионот, вклучувајќи ја и мигрантска криза и улогата на Република Македонија во справувањето со неа.
