Метео: Минималната температура на повеќе места под нулата
01.11.2017 17:22
Во петок ќе настапи локално зголемување на облачноста со можен слаб дожд во вечерните часови...

Утре во Македонија се очекува сончево време со слаб до умерен западен ветер. Минималната температура на повеќе места ќе падне под нулата, а максималната дневна ќе достигне до 16 степени.
Во петок ќе настапи локално зголемување на облачноста со можен слаб дожд во вечерните часови, а од сабота следува период на стабилно време со температури во рамките на просекот за овој период од годината.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
