Европјаните преферираат „Скајп“
17.02.2014 15:54
Европската Комисија смета дека телекомуникациските компании со стратегијата за и понатаму одржување на високите цени –пропушта огомни приходи на пазарот и на екстремен начин го ограничува користењето на телефонот на околу 300 милиони корисници...

Според последната анкета на Евробарометар дури 47 % од европските граѓани не користат мобилен интернет кога патуваат во ЕУ, а повеќе од една четвртина не користат ниту роаминг -едноставно ги исклучуваа телефоните.
„Јас повеќе користам Скајп. атоа што е подобро, затоа што е бесплатно, а тоа ми е најважно... Скајп, затоа што моите родители живеат на Карибите и поефтино ми е, доколку користам телефон ќе биде многу поскапо... Ние најчесто користиме телефон. Јас користам се - роаминг, инетрнет – скајп. Доколку роамингот би бил беспалтен , би било многу добро... Јас користам интернет, затоа што е поефтино“, велат анкетираните граѓани.
Европската Комисија смета дека телекомуникациските компании со стратегијата за и понатаму одржување на високите цени –пропушта огомни приходи на пазарот и на екстремен начин го ограничува користењето на телефонот на околу 300 милиони корисници.
„Јас сум искрено шокирана од овие бројки. Тоа покажува дека треба да ја завршиме работата и да ги елиминираме роаминг трошоци. Корисниците на телефоните се ограничува во екстремни начини и и тоа нема никаква смисла. Истото важи и за компаниите. Роаминг нема никаква смисла во единствениот пазар - тоа е економски лудило", вели Нели Крос потпретседателка на Европската Комисија.
Неодамна Европската Комисија поднесе предлог за целосно укинување на трошоците за роамниг услугите, стартувајки од 2016 година. Овој предлог треба да биде одобрен од страна на европските пратеници пред истиот да биде имплементиран во закон.
Доколку од Белгија телефонирате во Македонија – една минута телефонски разговор ќе ве чини од 1,48 до 3, 14 евра во зависност од пакетот на услугите кои сте го одбрале кај телекомуникацискиот оператор. Само за споредба, толку ќе чини и да телефонирате во Соеднитетите Американски Држави.
Марина Стојанева- Тонева, постојан дописник за МРТ од Брисел
