Трамп побара смртна казна за напаѓачот од Менхетн
Против 29-годишниот имигрант од Узбекистан, Сајфул Саипов се покренати обвиненија за тероризам, за пружање материјална поддршка и ресурси на странска терористичка организација и за насилство и уништување со моторно возило...

Претседателот на САД Доналд Трамп бара смртна пресуда за извршителот на смртоносниот напад во Менхетн. На Твитер напиша Трамп: „Терористот од Њујорк ентузијастички побара да го развее знамето на групата „Исламска држава“ во неговата болничка соба. Тој уби осум лица и тешко повреди 12. Треба да добие смртна пресуда“.
Против 29-годишниот имигрант од Узбекистан, Сајфул Саипов се покренати обвиненија за тероризам, за пружање материјална поддршка и ресурси на странска терористичка организација и за насилство и уништување со моторно возило.
Саипов кој со камионет усмрти и повреди случајни минувачи во Њујорк, призна дека бил инспириран од видео снимки на Исламска држава и одлучил да го изврши нападот на Хеловин, бидејќи очекувал повеќе луѓе на улиците.
Доколку не бил спречен, нападот ќе продолжел и кон Бруклинскиот мост. ФБИ трага и по уште еден Узбекистанец.
