Заев учествува на меѓународна економска конференција во Црна Гора
Премиерот Зоран Заев ќе има обраќање на панел- дискусијата на тема „Регионот по четири години од Берлинскиот процес“. Во делегацијата што ја предводи се и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и министерката за образование и наука Рената Тренеска- Десковска.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска и утре, учествува на меѓународната економска конференција што се одржува во Будва, Република Црна Гора Насловена „Економска конференција на Црна Гора 2017 - предизвици на патот кон Европската унија“.
Во делегацијата што ја предводи премиерот Заев се и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и министерката за образование и наука Рената Тренеска- Десковска.
Премиерот Зоран Заев ќе има обраќање на панел- дискусијата на тема „Регионот по четири години од Берлинскиот процес“.
Во рамките на посетата, премиерот Заев ќе има и работна средба со потпретседателот на ЕБРД, Пиер Хајрброн, а предвидени се и повеќе билатерални средби, сооппшти владината прес- служба.
