Јавна дебата за предлог- буџетот за 2018-та
02.11.2017 10:20
Завчера министерот за финансии Тевдовски најави дека првпат во земјава ќе се претстави подготвениот буџет, пред да се достави на разгледување во Владата.

Министерството за финансии денеска организира јавна дебата за предлог- буџетот за 2018-та година на која ќе присуствуваат претставници од бизнис заедниците, синдикатите и невладиниот сектор.
Завчера министерот за финансии Тевдовски најави дека првпат во земјава ќе се претстави подготвениот буџет, пред да се достави на разгледување во Владата.
Според процедурата, Министерството за финансии потоа ќе го достави предлог- буџетот до Владата, која има законска обврска да го испрати во Собранието на Република Македонија до 15-ти ноември.
