ДИК ќе одлучува по приговорите од вториот круг од локалните избори
Алијансата на Албанците поднесе 13 приговори за Струга, Беса 89 приговори од кои 86 заедно со Алијансата на Албанците за Чаир и три за Тетово. Еден приговор има поднесено и партијата НДМ за гласањето во Чашка.

Државната изборна комисија на седница ќе ги разгледува и ќе одлучува по приговорите поднесени на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори.
Поднесени се вкупно 103 приговори за вториот круг од локалните избори- Алијансата на Албанците поднесе 13 приговори за Струга, Беса 89 приговори од кои 86 заедно со Алијансата на Албанците за Чаир и три за Тетово. Еден приговор има поднесено и партијата НДМ за гласањето во Чашка.
ДИК е должна во рок од 48 часа да донесе одлука по приговорите. Незадоволни од одлуките на ДИК, партиите може да поднесат тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Судот пак, е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием, а неговата одлука е конечна во изборниот процес.
