ЦИА објави документи за Бин Ладен

02.11.2017 11:13

Ова е четвртата објава по рацијата во засилништето на Бин Ладен во Пакистан...

ЦИА објави стотици илјади документи конфискувани за време на убиството на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Материјалот содржи дневник, документи на аудио и видео записи, како и снимки од семејни свечености.

Ова е четвртата објава по рацијата во засилништето на Бин Ладен во Пакистан. Директорот на Централната разузнавачка агенција Мајк Помпео нагласи дека со ова американскиот народ може да се запознае со плановите и дејствијата на терориистичката организација.